X
 18.04.2021 Наука

Швајцарски истражувачи создале невидлива брава

Истражувачи од Швајцарија успеале да развијат невидлива брава направена од печатен транспарентен електронски материјал.

Материјалот, кој е чувствителен на допир, може да се постави каде било, со што би било многу тешко натрапникот да знае каде да притисне.

Тимот од истражувачкиот центар ЕМПА во Швајцарија е фокусиран на развој на фотоволтаици од тенок филм. Полимерниот филм има електронски кола направени од спроводливо метално-оксидно мастило од наночестички. Печатењето може да се направи со високотехнолошки печатач или со инк-џет печатач.

Материјалот е невидлив за човечкото око и може да се постави насекаде, на пример, над квака на врата, вели Евгенија Гилштејн, главен истражувач на проектот. Исто така, филмот е поврзан со дисплеј што покажува дали кодот е правилно внесен.



Извор: Lenews.ch
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука