X
 16.01.2016 Наука

Дали марихуаната навистина го уништува мозокот?

Низ интернетот постојано кружат информации за негативните ефекти од марихуаната врз мозокот. Но, со внимателна истрага, науката открива дека голем дел од овие стравувања се претерани, а во најдобар случај и нелегитимни.

 

marihuana


1 мит: Марихуаната го оштетува мозокот

„Дури и повременото пушење на марихуана може да го промени твојот мозок“ - вака гласеше истражувањето објавено во 2014 година од истражувачите од Училиштето за медицина при Северозападниот Универзитет во Масачусетс. Авторите направиле слики од мозокот на корисници на марихуана и луѓе кои не користеле марихуана на возраст од 20 години па нагоре. Нивната цел била да се покажат разликите во морфологијата на мозокот на овие две групи.

Сепак, бидејќи истражувањето е направено врз основа на еден сет на слики, истражувачите немале начин како да утврдат дали разликите ќе постојат ако корисниците на марихуана повеќе не користат. Понатаму, истражувачите не успеале да ги проценат когнитивните и академските перформанси за да одредат дали овие разлики се поврзани со било какви негативни реални резултати. (Сите учесници во истражувањето биле запишани на факултет и ниту еден од учесниците не ги исполнил критериумите за зависност од дрога). Сепак, истражувачите објавиле дека набљудуваните разлики биле „абнормални“ и посочувале дека ваквите „мозочни промени“, веројатно ќе доведат до посериозно однесување и користење на дрога.

Или пак не. Всушност, кога друг тим на научници се обиде да ги реплицираат овие резултати со поголема и подобро контролирана група, тие не успеале.

„Направивме MRI скенови со висока резолуција, и ги испитувавме групните разлики во сивата материја со користење на воксел-базирана морфометрија, површински-анализирана морфометрија. Според анализата не се пронајдени статистички значајни разлики меѓу секојдневните корисници на марихуана и оние кои не користат марихуана во волуменот или формата во регионот на интерес. Неуспехот да се пронајдат разлики не се должи на недостигот на статистичка моќ, туку се должи на недостатокот на дури и скромен ефект“, велат авторите.

2 Мит: Марихуаната го намалува коефицентот на интелигенција

Пушењето марихуана доведува до пад на 8 поени на интелигенцијата кај секој корисник. Барем така вели американскиот Национален институт за злоупотреба на дрога на нивната веб страна: „Marijuana: Get the facts“, но фактите во овој случај се далеку од конечни.

Тврдењето на Националниот институт се поддржани од голем број експерти и групи за реформи во борбата против дрогата, е земено од истражувањето објавен во 2012 година од Дјук Универзитетот. Авторите на истражувањето објавија дека постојаната употреба на марихуаната во тинејџерските години, но не и други, е поврзано со намалувањето на коефицентот на интелигенција до 8 поени. Но, друго истражување кое ги прегледало овие податоци смета дека резултатите, најверојатно се поради социо-економските разлики, а не поради употребата на марихуаната.

„Поврзаноста помеѓу тешкото користење на марихуана во тинејџерски години и помалиот коефицент на интелигенција е направена врз основа на невешто толкување од страна на авторите, меѓутоа постоечките истражувања покажуваат алтернативен изненадувачки модел врз основа на временските влијанија на социоекономскиот статус на интелигенција“, велат истражувачите.

Понови истражувања покажуваат дек самото користење на марихуана нема негативен ефект ниту врз коефицентот на интелигенција, ниту врз академските перформанси.

3 мит: Марихуаната влијае негативно врз когнитивните способности

Да, некои глупави луѓе пушат трева. Но науката вели дека тие биле глупави и пред да дојдат во контакт со марихуаната.

Истражувачите од Универзитетот во Бостон направиле неколку когнитивни тестови на близнаци кои биле корисници на марихуана, и близнаци кои не користеле марихуана. Тие откриле „отсуство на означени долгорочни резидуални ефекти од користењето на марихуана врз когнитивните способности“.

Слично на ова, едно истражување објавено во списанието „Archives of General Psychiatry“ открива дека оние кои пушат марихуана долгорочно, а кои апстинирале неколку недели, не покажале некоја значителна разлика од лицата кои имале пушено марихуана помалку од 50 пати во нивниот живот.

4 Мит: Марихуаната предизвикува ментална болест

Постојат потврдувања дека употребата на марихуаната може да предизвика ментална болест, посебно шизофренија, кај здрави индивидуи. Но, податоците кои ги обезбедуваат овие тврдења се слаби или недостасуваат.

Поточно, труд објавен во 2009 година во списанието „Schizophrenia Research“ споредувал трендови во користење на марихуаната и инцидентите на шизофренија во Велика Британија од 1996 до 2005 година. Авторите објавија дека „инциденти и распространетост на шизофренијата и психозите биле нестабилни“ во текот на овој период дури и ако употребата на марихуаната се зголемувала меѓу луѓето. Тие заклучиле: „Истражувањето не ја поддржува специфичната причинска врска меѓу употребата на марихуаната и инцидентите на психотични нарушувања“.

Слично на ова истражување било објавено од неколку британски истражувачи во списанието „Addiction“ кое објавило дека постојат маллку клинички докази кои укажуваат дека користењето на марихуана е случајно поврзана со случаи на шизофренија или други психички болести. Авторите на истражувањето напишале: „Ќе продолжииме да го застапуваме мислењето дека поврзаноста на марихуаната со шизофренијата не е многу нова, ниту од нормалните критериуми“.

Неодамна, истражувачите од Харвард Универзитетот објавија истражување за побивање на тоа дека марихуаната=шизофренија. Во истражувањето од 2013 година истражувачите споредиле семејни истории на 108 пациенти кои имале шизофренија и 171 човек без шизофренија за да проценат дали користењето на марихуаната од младите беше независен фактор во развојот на ова нарушување. Истражувачите објавија дека семејната историја на шизофренија го зголеми ризикот за развивање на ваква болест, без разлика дали пациентите користеле или не користеле марихуана како адолесценти. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука