Научниците предупредуваат дека човечкиот хромозом Y, одговорен за создавање машки бебиња, дегенерира и би можел да исчезне за неколку милиони години. Тие проценуваат дека приближно пет гени на хромозомот Y биле изгубени во текот на милион години.
Според експертите, последните 55 гени од Y-хромозомот би можеле да исчезнат за 11 милиони години. Како причини за неговото исчезнување се наведуваат современиот начин на живот и промените во природата кои влијаат врз луѓето и нивното здравје.
Но, луѓето не се единствените чиј Y хромозом исчезнува. И два вида глодачи веќе го изгубија Y-хромозомот, но преживеаја. Истражувањето направено врз овие глодачи покажува што се случило.
Кај цицачите, вклучително и кај луѓето, жените имаат два X хромозоми, додека мажите имаат Х и Y хромозоми. И додека Х-хромозомот содржи околу 900 гени одговорни за создавање нова личност, Y содржи само 55 гени и многу ДНК која нема врска со создавањето нов организам.
Но, Y хромозомот има ген одговорен за создавање машки ембрион. Тој ген се активира по околу 12 недели од зачнувањето и го поттикнува развојот на тестисите, кои пак се одговорни за развојот на ембрионот во момче.
Научниците истакнуваат дека овој однос на X и Y хромозомите е различен кај некои животни.
На пример, австралискиот клунар има сосема различни хромозоми кои го одредуваат полот на животното. Во нив парот XY е обичен хромозом, што може да сугерира дека и други цицачи имале таков пар пред неколку милиони години.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik