Министерството за образование и наука објави јавен повик за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од
13. меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата.
На повикот може да се пријават:
- ученици – државјани на Република Македонија, запишани во средно училиште на територијата на Република Македонија,
- наставник - државјанин на Република Македонија, вработен во средно училиште на територијата на Република Македонија, кој го подготвувал ученикот за олимпијадата,
a кои освоиле златен, сребрен или бронзен медал на една од 13. меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), во учебната 2020/2021 година.
МОН ќе додели, поединечно, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата, парична награда во износ од 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари месечно за освоен сребрен медал и 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал. Паричната награда се исплаќа за период од 12 месеци, се истакнува во повикот.
Повикот е отворен и пријавите може да се доставуваат преку пошта на следната адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата“, најдоцна до
31.08.2021 година.
За информирање околу потребните документи за пријавување и нивно преземање, одете
ТУКА.