18.04.2024
Живот
„Светот на Биби“ на Саем на книга, в недела специјален гостин Тхе Мичо
Почнувајќи од денеска, па сѐ до 24 април, „Светот на Биби” ќе учествува на 36. издание на Саемот на книга во арената „Борис Трајковски“ - Скопје.
За најмалите имаме подготвено нешто специјално што ќе го направи нивното присуството уште поинтересно - нови, креативни друштвени мини игри, попусти, сликовници и многу, многу изненадувања! Најзабавно од сѐ? Ќе имаат специјален гостин - арт-директорот на „Светот на Биби” - Михајло Димитриевски, познат како Тхе Мичо!
В недела, од 12 часот, на штандот на Биби илустраторот ќе го претвори детскиот имагинарен свет во реалност. Сите мали и големи обожаватели се поканети да им се придружат на оваа магична, креативна цртачка сесија!
Со настанот под наслов „Магијата на илустрацијата во Светот на Биби“, Саемот на книгата ќе биде место каде што ќе се сретнат уметникот и децата и заедно ќе го оживеат светот на илустрацијата!