X
 18.06.2019 Култура

Мачу Пикчу добива аеродром и покрај противењето на граѓаните, еколозите и археолозите

Голем број еколози, археолози, историчари, но и граѓани се плашат дека со изградбата на аеродромот на Мачу Пикчу ќе се оштети кревката локација на познатото наследство.

Аеродромот, за кој е планиран буџет од 5 милијарди долари, ќе ја направи оваа знаменитост во Перу подостапна за многу посетители. Еден од најпознатите археолошки локалитети, годишно го посетуваат 1,5 милиони луѓе, што е двапати повеќе од бројот на посети што УНЕСКО ги препорачува.

Проблемот лежи во тоа што Мачу Пикчу за посетителите е достапен само преку еден аеродром со само една писта во блискиот град Куско. За да се намали гужвата и местото да стане подостапно, решението е да се направи нов меѓународен аеродром во градот Чинчеро, што се наоѓа меѓу Мачу Пикчу и градот Куско.

morin
Фото: Unsplash

Противниците на овој проект тврдат дека изградбата на аеродромот, а со самото тоа и зголемениот туризам, ги уништија стазите, терасите и другите чувствителни делови на Мачу Пикчу. Исто така, тие тврдат дека влијанието врз животната средина ќе биде огромно, бидејќи отпадот од новата локација може да заврши во околното езеро што обезбедува вода за речиси половина град.

Перуанската историчарка за уметност, Наталија Мајлуф започнала петиција против изградбата на аеродромот, а досега ја потпишале 48.000 луѓе. Во петицијата, Наталија ја наведува потенцијалната штета што може да се случи, што директно би влијаело на зачувување на традицијата на Инките, кои потекнувале од оваа долина. Таа директно му се обратила на претседателот на Перу, Мартин Вискара уште еднаш да размисли за локацијата на аеродромот, меѓутоа владата се чини дека е одлучна за проектот.

- Овој аеродром ќе се изгради што е можно поскоро бидејќи е неопходен за градот Куско. Имаме серија на технички истражувања што ја поддржуваат конструкцијата на овој аеродром - рече министерот за финансии, Карлос Оливиа.
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура