Денешните телефони со андроид-камера станаа водечки модели, речиси на исто ниво со камерите ДЛСР. Дел од причината за овој успех е вештачката интелигенција (ВИ), но тоа не е единственото објаснување. Апликациите за контрола на камерата на телефоните имаат полесен пристап до командите што можат да се користат во реално време, наместо макотрпните поставки кои одземаат драгоцено време. Згора на тоа, андроид-камерите се пофлексибилни од многу ДСЛР камери.
Сепак, добрите фотографии бараат малку повеќе труд. Следуваат неколку начини како да добиете речиси совршена фотографија.
Поставките на андроид-камерата се лесни за користење
Демонстрацијата и советите се однесуваат на телефонот „гугл пиксел 8 про“. Ако користите друг Андроид, ќе мора да го приспособите овој водич на конкретниот модел на телефон или да ја пронајдете истата функција во апликацијата за камера на вашиот уред, што воопшто не би требало да претставува проблем.
1. Користете го правилото за златен однос
Кадрирањето е клучно за создавање уметнички фотографии. Повеќето луѓе веднаш скокаат на врамување на предметот ставајќи го во центарот на фотографијата, што често е грешка, особено ако сакате уметнички изглед на фотографијата. Наместо тоа, најдобрата опција за кадрирање е правилото за третини, каде што вашиот главен предмет е или во левата или во десната третина од кадарот. Постои начин да се олесни оваа техника - благодарение на златниот пресек.
Со камерите на Андроид можете да ја вклучите мрежата на визирот, што го олеснува врамувањето на објектите. Една од решетките што можете да ги користите се нарекува златен сооднос (исто така, наречена „божествена пропорција“), што ја поместува решетката на правилото на една третина. Со решетката „Златен пресек“, секогаш треба да го ставате вашиот објект во горниот десен или лев пресек на линиите. На тој начин ќе го добиете најдоброто кадрирање за вашата фотографија. За да ја овозможите мрежата „Златен пресек“, отворете ја апликацијата камера и допрете ја иконата запченик во долниот лев агол. Допрете „Повеќе поставки“, пронајдете ја и допрете ја опцијата „Тип на мрежа“ и изберете „Златен пресек“. Вратете се во визирот и ќе видите нова мрежа, што го олеснува уметничкото врамување на предмети и фотографии.
2. Рачно приспособете го фокусот
Повеќето корисници претпочитаат камерата да го приспособува фокусот автоматски. Иако автоматскиот фокус на модерен телефон може да биде неверојатно добар, понекогаш може да биде тешко кога се обидувате да направите уметнички фотографии. Наместо тоа, користете рачен фокус за да одлучите што е важно да се истакне на фотографијата.
Разбирањето како функционира автоматскиот фокус може да биде тешко, но апликацијата за камера на Андроид го прави тоа прилично лесно, со прикажување на „Пикинг актив“. Оваа функција го нагласува она што е во фокусот. За да пристапите до опцијата за рачно фокусирање, допрете ја иконата „Поставки“ во долниот десен агол (или горниот десен агол ако сте во режим на пејзаж), пронајдете го и допрете го копчето „Фокус“ и приспособете го фокусот користејќи ги точките.
3. Користете ја вистинската ИСО вредност
ИСО ја контролира количината на светлина што ја пропушта камерата до главниот сензор. Колку е повисока ИСО вредноста, толку повеќе светлина ќе помине. Размислете за тоа на овој начин: кога сте надвор на пладневно сонце, сликата ќе „гори“ ако користите висока ИСО вредност. Не сакате да се случи тоа. Како и рачниот фокус, модерните камери се добри во автоматското поставување на правилната ИСО чувствителност, но тоа не значи дека резултатите што ќе ги добиете ќе имаат уметнички ефект.
Поради ова, ќе сакате да ја намалите ИСО вредноста за да добиете повеќе придушен изглед. Или можеби сте внатре и не сакате автоматското ИСО да се отвори толку многу што фотографијата ќе изгледа премногу клинички. Можете да ја контролирате светлината што сакате да ја пуштите во вашите фотографии со рачно приспособување на вредноста на ИСО. За да преземете ИСО контрола, допрете ја иконата „Поставки“, пронајдете и допрете на ИСО и приспособете ја вредноста според она што ви изгледа најдобро во тоа време.
4. Променете ја брзината на блендата
Брзината на блендата се однесува на брзината со која се затвора блендата на камерата. Колку е поголема брзината на блендата, толку е поголема експозицијата. Колку е помала брзината на блендата, толку е побавна експозицијата. Разликата може да биде голема. На пример, ако фотографирате улица во центарот на градот навечер и користите голема брзина на блендата, ќе добиете јасна слика на автомобил кој поминува покрај неа. Ако, пак, користите мала брзина на блендата, ќе направите фотографија со ленти од задни светла за убав уметнички израз.
Единствениот недостаток на ниските вредности на брзината на блендата е тоа што ви треба стабилна рака. Всушност, со помали брзини на блендата можеби ќе размислите да користите статив, бидејќи дури и најмало тресење ќе ја оштети сликата. Брзините на блендата се мерат во делови од секундата, како што се 1/150 или 1/24 (за 1/150-та од секундата или 1/24-та од секундата). За да пристапите до рачно приспсобување на брзината на блендата, допрете го копчето „Поставки“, пронајдете ја опцијата „Брзина на блендата“ и наместете ја според саканиот ефект што сакате да го добиете на фотографиите.
5. Обрнете внимание на балансот на белата боја
Во основа, балансот на белата боја е приспособување за посветлите фотографии да изгледаат бели. Оваа техника е важна затоа што ќе фотографирате на различни нивоа на осветлување, што влијае врз белата боја на сликите. Кога балансот на белата боја е автоматски, апликацијата за камерата ќе даде сѐ од себе за белите да изгледаат навистина бели, врз основа на амбиентална или фокусирана светлина.
Понекогаш може да се најдете во ситуации на дневна светлина кога сакате потопол ефект на вашите фотографии. Во такви ситуации, приспособете го балансот на белата боја. Размислете за балансот на белата боја во однос на студеното и топлото - колку е поладна температурата, толку повеќе сино добива светлината, додека колку е потопла температурата, толку повеќе е жолтеникава светлината. Можете да пристапите до командата за баланс на белата боја со допирање на иконата „Поставки“, лоцирајте и допрете опција „Баланс на белата боја“ и приспособете според саканиот ефект што сакате да го постигнете на фотографијата.
Се надеваме дека со помош на овие 5 клучни совети ќе го постигнавте изгледот на фотографијата токму онака како што посакувавте. Дефинитивно треба малку да експериментирате за да добиете идеални резултати.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik