X
 18.07.2018 Образование

Намален бројот на ученици и студенти во интернатите и во домовите

Во учебната 2017/2018 година вкупниот број на ученици и студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 6.334, што претставува намалување за 6,2 отсто во споредба со 2016/2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 247 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 37 дома: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Од ДЗС посочуваат дека домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование