Мртвото тело на Џек (Леонардо ди Каприо) тоне во длабочините на студената океанска вода додека Роуз (Кејт Винслет) е на безбедно лежејќи на порта што плови над водата. Ова е сцената од култниот „Титаник“ што сите фанови ја паметат. Долги години се појавуваа теории на интернет дека Роуз можела да го спаси Џек, односно дека и двајцата можеле да застанат на вратата.
Група на студенти докажала дека навистина и двајцата можеле да преживеат. Абигејл Викс, Кристи Зенг и Џулија Дамато во своето истражување користеле математички формули и откриле дека и двајцата љубовници можеле да застанат на вратата и да ги постават нивните заштитни костими под неа за да ја задржат во состојба на пловење. Оваа идеја добила признание на Националниот натпревар за математички таленти.
Џулија истакнала дека на тимот му бил потребен и факторот за тоа колку пловноста на вратата би била под влијание од големата количина на сол во водата. Нивната професорка Анџела Филипс изјавила дека овој натпревар е одлична можност за учениците да направат нешто различно со своите математички вештини.
Трите
девојки се пријавиле на натпреварот откако победиле на натпреварот за математички постигнувања „МАСА јуниор“.