X
 05.12.2015 Образование

Домашните задачи ширум светот

Сонот на секое дете веројатно е да нема домашна задача. Ова, пак, е кошмар на сите родители. Но, едно државно основно училиште од Њујорк ги укина сите домашни задачи за студентите. Лутите родители одговораат со заканување од отпишување на своите деца.


Директорката на училиштето, Џејн Хсу, им пишала на родителите дека истражувањата за ефектите од домашните задачи во основно училиште не можеле да докажат дека домашната задача директно е поврзана со успехот на училиште. Од друга страна, таа вели дека негативните ефекти од домашната задача вклучуваат фрустрација и умор кај децата, но и губење интерес за учење.

Кога станува збор за средното училиште, постои доказ дека домашната задача води до подобри академски достигнувања. Но, времето поминато на пишување на домашната задача се разликува од земја до земја.

Според меѓународната Организација за економска соработка и развој, во Кина, учениците трошат просечно 13,8 часа неделно на домашните задачи, во Русија 9,7, а во Сингапур 9,4. Во Финска, пак, учениците трошат 2,8 часа неделно на домашните задачи, во Јужна Кореја 2,9, а во Чешка 3,1 часа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование