X
 18.08.2016 Култура

Душко Радовиќ: „Нашето малку може да биде многу за оние кои немаат ни малку“

Душко Радовиќ починал во далечната 1984 година, а зад себе остави голем број афоризми и мудри мисли кои ни го направија животот поубав, посмешен, пошармантен... Ова се некои од неговите најдобри мисли кои сите треба да ги применуваме во нашиот живот:

 

душко

 
„Пред да го поправите светот, поправете ја чешмата во вашиот стан. Светот би бил многу посреќен и поубав кога секој од нас би ја поправил чешмата или барем неговите заби“.


„Нашето малку може да биде многу за оние кои немаат ни малку“.

„Не трчајте по жените, да не се судрите со оние кои бегаат од нив“.

„Мајки, раѓајте им на децата сестри, бидејќи сестрите стануваат тетки, а тетките се најдобри, незаменлив подарок на секое детство“.

„Толку малку љубов меѓу луѓето. Кој умее да сака, не би требало да прави ништо друго“.

„Сакајте се кога не сте заедно. Тоа е вистинска љубов. Оние кои умеат да сакаат само кога се заедно, него не му е грижа со кој е“.

„Ако можете, немојте да ги сакате оние кои не ве сакаат. Ако не можете тоа, сакајте ги само малку. Ако не можете ни тоа, сакајте ги многу, но кратко“.

„Дали љубовта е болест? Да, но вечна. Можете некој да го љубите и љубите, но нема да го заразите со љубов“.

„Будни се оние кои сакаат, а се'уште спијат оние кои се сакани“.

„Жените не постигнале ништо. Некогаш беа нееднакви со вистинските мажи. А сега се еднакви со никакви мажи“.

„Не го кажувајте она што го мислите ако живеете од она што го зборувате“.

„Така и ни треба. Додека не признававме дека има проблеми, не моравме ниту да ги решаваме“.

„Има многу сиромаштија меѓу нашите деца, кои освен пари, родителите не можеле да им дадат ништо друго“.

„Вложете во вашиот стомак. Оваа инвестиција обезбедува брзи и видливи резултати. Вложувањето во главата е долгорочно и неизвесно“.

„Зошто уличните корпи за отпадоци не ги подигнат на висина на кошевите за кошарка? Тоа би била провокација на која никој не би одолеел. Кошевите би биле полни, а градот чист“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура