X
 22.04.2016 Култура

Шекспир: „Искреноста е најдобрата политика. Ако ја изгубам мојата чест, јас се губам себеси"

Можеби Шекспир починал пред стотици години, во време сосема различно од нашето, меѓутоа моќта на неговите цитати силно се чувствува до ден денес.

Шекспир раскажува за човечкото искуство во неговите комедии, трагедии и сонети, копнејќи за радоста и тагата на животот, мајсторски создавајќи зборови во безвременските залаци на мудроста. Прочитајте некои од неговите најмудри цитати.

За љубовта

„Љубовта не е љубов која се менува кога доаѓа промена“.

„Текот на вистинската љубов никогаш не тече рамно“.

„Љубовта е чад создаден од испарувањето на воздишките“.

„Љубовта не гледа со очите, туку со умот“.

„Не љубиш ако не ја покажеш твојата љубов“.

„Љубовта е само лудило“.

За пријателството

„Пријателството не` освежува“.

„Чувај го твојот пријател под клучот на твојот живот“.

За бракот


„Избрзаниот брак ретко е покажува добар“.

„Внимавајте од љубомората: тоа зеленооко чудовиште кое се потсмева на месото со кое се храните“.

За животот

„Оној ограбен кој се насмевнува, краде нешто од самиот крадец“.

„Мудрецот не плачи по неговата загуба, туку весело бара како да ја преиспита неговата штета“.

„Очекувањето е коренот на сите болки“.

За интегритетот

„Искреноста е најдобрата политика. Ако ја изгубам мојата чест, јас се губам себеси“.

„Ниту едно наследство не е толку богато колку чесноста“.

За природата


„Земјата има музика за оние кои слушаат“.

„Еден допир кон природата и со тоа целиот свет е вашето семејство“.

„Нашиот живот, ослободен од јавното прогонување, наоѓа јазици во дрвјата, книги во потоците, проповеди во камењата и добро во се`“.

„Вистинската надеж брзо лета со крилјата. Таа ги прави кралевите богови и лошите суштества кралеви“.

За размислувањето пред човек нешто да каже


„Зборовите без мисла никогаш не одат во рајот“.

„Дајте му на говорот мал одмор за да не го нарушите вашето богатство“.

„На секој човек дајте му го вашето уво, но на малкумина вашиот глас“.

За пронаоѓањето на работа во која ќе уживате


„За бизнисот што го сакаме ние стануваме рано и одиме со задоволство“

За довербата

„Сакајте ги сите, верувајте им на малкумина, не им правете лошо на никој“.

„Нека секое око преговара за себеси и не му верувајте никому“.

За трпението

„Колку сиромашни се оние кои немаат трпение. Ниту една рана не се лекува ако тоа не е повремено“.

„Работите направени добро и со грижа, се ослободуваат од стравот“.

„Мудро и бавно. Оние кои работат брзо се сопнуваат“.

„За да се искачите на ридовите потребно е бавно темпо на почеток“.

За времето


„Времето и часот поминуваат низ најтешкиот ден“.

За амбициите

„Некои луѓе се родени големи, некои постигнуваат големина, а на некои им е подарена големината“.

„Не се ѕвездите оние кои ја држат нашата судбина, туку ние самите“.

„Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме“.

„Тешко и` е на онаа глава која носи круна“.

За смртта

„Златни момци и девојки, сите еден ден ќе бидеме прав“.

За жалењето


„Дај и` на тагата зборови; болката која не зборува полека го крши срцето„.

„Со плачењето правите помала длабочина во тагата“.

За важноста на преземањето ризици

„Нашите сомнежи се предавници. Тие не` тераат да ја изгубиме добрината која може да ја добиеме, плашејќи се да се обидеме“.

„Ништо не може да дојде од ништо“.

За репутацијата


„Репутацијата е неактивно и лажно наметнување; често неосновано и изгубено без да биде заслужено“.

За незнаењето

„Не постои темнина, само незнаење“.

„Незнаењето е проклетство од Бога; знаењето дава крилја да летнеме до рајот“.

За парите

„Не барајте ниту давајте пари; заемот често ве тера да се изгубите и себеси и вашиот пријател“.

За суетата на животот

„Ние сме создадени од она што е создаден сонот; и нашиот мал живот е опкружен со спиење“.

„Кога сме родени ние се раѓаме затоа што доаѓаме на големата сцена на будалите“.

За соочувањето со староста

„Со радост и смеата дозволете да дојдат старите брчки“.

За значењето на мудроста

„Глупавиот мисли дека е мудар, но мудриот знае дека е будала“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура