X
 18.08.2020 Наука

Вид облаци го апсорбираат загадувањето на воздухот

Одреден вид облаци го апсорбираат загадувањето на воздухот од површината на Земјата, што може да доведе во поголем увид во нашата улога во климатските промени.

Според соопштението, атмосферските научници од Универзитетот во Вотерлу успеале да го следат загадувањето на воздухот од шумските пожари во Британска Колумбија и Австралија во 2017 и 2019 година, користејќи го сателитот на канадската вселенска агенција, единствениот во светот што може да измери 44 различни атмосферски молекули.

Нивното истражување открило дека облаците наречени пирокумулунимбуси (pyroCb) го отстрануваат загадувањето од површината, носејќи го во стратосферата.

- Овие високи облаци функционираат како оџаци што создаваат патека за аеросолите близу површината. Ова е корисно кога станува збор за квалитетот на воздухот што го дишеме, но важно е да се напомене дека овие аеросоли сè уште можат да имаат реперкусии врз климата и атмосферската хемија на поголеми височини - вели Крис Бун, главниот автор на истражувањето и проектен научник на канадскиот сателит.

Во соопштението се вели дека загадувањето на воздухот од шумските пожари се претвора во аеросоли, мали честички прашина и чад што потекнуваат од природни и човечки извори. Овие аеросоли може да бидат штетни за здравјето на луѓето ако дишат голема концентрација, а можат да влијаат и на температурата на површината на Земјата.

oblaci
Фото: Pixabay

Истражувачите велат дека кога овие аеросоли се повлечени во стратосферата, се мешаат со водената пареа и молекули на хлор за да предизвикаат стаклена градина што претставува ризик за озонскиот слој.

- Стратосферското загадување може да опстојува со месеци по овие интензивни пожари, создавајќи значително влијание врз нашиот атмосферски систем - вели Крис Боун.

Променливата клима може да претставува ризик од развој на циклус на чести и поинтензивни шумски пожари, што е огромна закана за шумските области како Канада. Истражувачите велат дека овие откритија треба да бидат анализирани во понатамошните истражувања во поглед на влијанието на аеросолите врз климата.

- Нашето истражување дава увид во составот на стратосферските аеросоли генерирани од овие интензивни пожари, што дополнително може да ни помогне да разбереме каква улога играат тие во нашата клима - вели Боун.

Извор: Kitchenertoday.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука