X
 19.11.2018 Живот

Луѓето што веруваат дека Земјата е рамна: „Заоблената Земја е лага на сатаната“

Шегувањето со оние што веруваат дека Земјата е рамна беше забавно до моментот кога Доналд Трамп победи на изборите во САД. Тоа беше и причина зошто овогодишната Меѓународна конференција за рамна Земја не беше проследена со шеги и подбивања како во изминатите години. 650 луѓе се собрале во Денвер за да разговараат за тоа дека Земјата е рамна. Минатата година се собрале во Ралеи, Северна Каролина, и Би-би-си, тогаш, за да илустрира како всушност тие размислуваат, ги цитираше нивните зборови.

- Според мене, тоа е една од најголемите лаги на сатаната - изјави еден човек, држејќи мал модел од Земјината топка во раката.

- Војни, уништување, смрт - изјави една од гостинките.

- Чувствувам дека ме измамија - рече трета гостинка, која сега смета дека ја открила вистината дека Земјата е рамна.

zemja
Фото: Youtube/Printscreen


Минатата година влезниците чинеле помеѓу 109 и 249 долари. Оваа година беа поскапи - и до 350 долари од личност. Имало гости од целиот свет, како и во изминатите четири години.

- Мислев дека идејата дека Земјата е рамна е глупава работа - изјави организаторот на конференцијата, Роби Дејвидсон.

- За тоа првпат слушнав во Библијата и помислив дека не може да биде вистина. Верував во сѐ друго, дека Земјата била создадена во шест дена, но не верував дека е рамна. Но, ако бидам доследен во верувањето на Библијата, тогаш не можам да изберам во што да верувам, а во што да не верувам - додава тој.

Како што вели тој, пред неколку години почна да се шири идејата за буквално толкување на текстови од Библијата од кои најмладите датираат од пред околу 800 години, а најстарите од над 1.000. Што се однесува до овие текстови, не постои сомневање дека тврдењето дека Земјата е заоблена е заговор и дека некој шири дезинформации за нејзината форма. Листата со обвинети е долга, но во неколку точки дежурните виновници се НАСА, масоните, „глобалистите“ и Илон Маск.

Овие луѓе главно се опседнати со „откровение“ од Библијата и често живеат очекувајќи да пропадне светот, подготвувајќи ги своите бункери за оваа намера. Овие луѓе апсолутно ја поддржуваа претседателската кампања на Трамп, тие се во постојан конфликт поради нивните ставови кон ЛГБТ-луѓето, така што „рамна Земја“ се вклопува во сликата на крајни контроверзни ставови.

Свесни за тоа, веќе некое време работат на тактики за привлекување симпатизери преку организирање рок-концерти, повикување познати личности на настапи, како Крис Прат, Џастин Бибер, Ким Кардашијан. Досега не успеале да добијат одобрување од некој навистина популарен да почне да заговара како нив. Во суштина, станува збор за слика што била присутна во Европа во текот на средниот век.

Значи, плочата е кружна, над неа се наоѓа купола на небесен свод, во центарот се наоѓа Средоземното Море, а некои ќе речат дека под плочата се наоѓа вода во подземниот свет, бидејќи сето ова го пишува во Библијата. Според овие луѓе, Земјата е центарот околу кој кружат малото Сонце и уште помалата Месечина, а потоа ѕвездите и целиот универзум.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот