Стивен Спилберг е најпрофитабилниот режисер на сите времиња, чии филмови вкупно заработиле над 10 милијарди долари. Најпознат е по филмовите „Ајкула“, „Паркот Јура“, „Индијана Џонс“, „Шиндлеровата листа“, а има добиено и три „Оскари“, два за најдобар режисер и еден за најдобар филм.
Спилберг својот успех го припишува на режисерите и филмовите кои го инспирираат секој ден.
- Мојата филмска школа е културно наследство на Холивуд и светската филмографија бидејќи никој не е подобар учител од Лубич, Хичкок или Куросава, или Вилијам Вајлер, или Били Вајлдер или Кларенс Браун. Мислам дека тие се моите учители - изјави еднаш Спилберг.
Веб-страницата „Инди-вајр“ направи листа на некои од омилените филмови на познатиот режисер, кои тој ги споменал во своите интервјуа низ годините.
1. „Кум“, 1972
2. „2001: Вселенска одисеја“, 1968
3. „Седуммина самураи“, 1954
4. „Психо“, 1960
5. „Животот е прекрасен“, 1946
6. „Лоренс од Арабија“, 1962
7. „Од Русија со љубов“, 1963
8. „Чувари на галаксијата“, 2013
9. „Трагачи“, 1956 година
10. „Годзила, крал на чудовиштата!“, 1956
Фото: Screenshot/YouTube