X
 12.10.2019 Култура

Најдобрите филмови на 21 век според „Гардијан“

Познатата веб-страница „Гардијан“ собра пет реномирани филмски критичари кои заедно составија листа на 100. најдобри филма за 21 век.

На прво место се најде филмското остварување на Пол Томас Андерсон, „Ќе има крв“. Ова ремек дело од 2007 година го следи животот на Даниел Плејнвју, кој го глуми неверојатниот Даниел Деј-Луис, кој од пропаднат копач на сребро се издигнува во тајкун во текот на нафтениот бум во Калифорнија кон крајот на 19 век.

Филмот настанал како слободна интерпретација на романот „Олил!“ на Аптон Синклер од 1927 година, за кој велат дека денес е поактуелен отколку кога бил објавен. Даниел Деј-Луис доби и „Оскар“ за неговата книга, а критичарите на „Гардијан“ го споредуваат неговиот лик со Трамп, поради ексцентричните испади во јавноста.

Останатите филмови што се најдоа на оваа листа можете да ги погледнете на веб-страницата на „Гардијан“, а во продолжение се првите 10.

10. „Тим Америка: Светска полиција, 2004 година



9. „Зама“, 2017 година



8. „Месечева светлина“, 2016 година



7. „Синегдоха, Њујорк“, 2008 година



6. „Скриено“, 2015 година



5. „Расположени за љубов“, 2000 година



4. „Под кожа“, 2013 година



3. „Детство“, 2014 година



2. „12 години ропство“, 2013 година



1. „Ќе има крв“, 2007 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура