Во 1934 година писателот и новинар Арнолд Самуелсон го посетил познатиот писател Ернест Хемингвеј во неговиот дом во Флорида. Познатиот автор бил воодушевен од младиот и амбициозен новинар, па со него ја споделил
листата со книги кои, според негово мислење, сите луѓе, а особено писателите-почетници, задолжително треба да ги прочитаат.
„
Синиот хотел“ – Стивен Крејн
Станува збор за колекција на кратки приказни кои се чинат едноставни за разбирање, но оставаат сосем поинаков впечаток по читањето. Прозата на Стивен Крејн носи мистериозна нота во себе, која долго време останува врежана во сеќавањата.
„
Брод на отворено море“ – Стивен Крејн
Четворица мажи по бродоломот водат напната битка за опстанок. Сугестивниот јазик и продлабочените филозофски размислувања за животот што надоаѓаат заедно со брановите стигнуваат и до читателот, кој сигурно не може да остане рамнодушен...
„
Госпоѓа Бовари“ – Гистав Флобер
Ема Бовари е млада девојка од село која мечтае за гламурозен и романтичен живот. Наместо живот од соништата, таа преживува монотони денови во мало гратче, омажена за селскиот лекар. Провинциската апатичност едноставно ја задушува Ема, а сите нејзини обиди да избега од својот досаден живот завршуваат неславно. Дали е можно бегство од реалноста?
„
Даблинци“ – Џејмс Џојс
Оваа колекција од психолошки раскази претставува голем придонес на Џојс во книжевноста. Тој го насликува Даблин како олицетворение на сите работи што ги мразел во ирскиот начин на живот. Градот е дувло на пороци, заостанатост, додворувања, корупција, вулгарност и бездушност. Ова е првото книжевно дело каде што се претставува општеството во 20 век во Ирска.
„
Црвено и црно“ – Стендал
Ремек-делото на книжевноста од 20 век ја носи приказната за амбициозно и талентирано момче кое е одлучно по секоја цена да успее во својот живот. Доаѓајќи до заклучок дека парите се најважното средство во општеството, протагонистот Жилиен Сорел почнува со своето осамостојување и набрзо доаѓа до посакуваните резултати.
„
Човечки окови“ – Сомерсет Мом
Можеби највлијателниот роман на Мом, „Човечки окови“, му дозволува на читателот да влезе во целокупниот процес на разоткривање на темната и светлата страна на човечката природа. Во ова дело Мом навистина се надминува себеси, откривајќи ја сопствената душа пред читателот.
„
Ана Каренина“ – Лев Толстој
Најубавата љубовна приказна на сите времиња која инспирирала многубројни драмски и кинематографски остварувања. И до денес, ремек-делото на Толстој не ја губи несекојдневната аура, деструктивна и волшебна истовремено.
„
Војна и мир“ – Лев Толстој
Епска приказна сместена во Русија во периодот на војните со Наполеон. Толстој ни ги приближува случувањата од боиштата и секојдневниот живот во 19 век. Незаобиколни мотиви се љубовта, одговорноста, служењето кон татковината и местото на поединецот во општеството.
„
Буденброкови“ – Томас Ман
Книгата исто така е позната и по насловот „Пропаѓањето на семејството“, а го опишува животот на четири генерации на богато и угледно семејство на трговци што живееле во германскиот град Либек. На прв поглед Буденброкови оставаат впечаток на семејство кое ги почитува традиционалните вредности. Сепак, ова е приказна за контрастите, љубовта и предавството, непријателството и интригите, очајничка страст и омраза.
„
Браќата Карамазови“ – Фјодор М. Достоевски
Најкомплексното и најконтроверзното дело на рускиот писател Достоевски првпат е објавено во 1880 година и до денес го нема изгубено своето значење. Критичарите го опишувале ова дело како детективска приказна или едноставно како најреална приказна на рускиот постмодернизам.
„
Оркански височини“ – Емили Бронте
Катарина се вљубува во својот роднина, но гордоста и желбата за богатство ја водат кон брак за богат маж. Сепак, таа не го напушта својот љубовник, но нивната забранета љубов им носи проклетство. Живописната и реалистична приказна сместена во руралниот дел на Англија го насликува животот со сите предрасуди, скриени пороци и страст.
„
Американецот“ – Хенри Џејмс
Приказна за беспомошен милионер кој се обидува преку брак да влезе во презрено и предавничко аристократско семејство со француско потекло. Книгата ги истражува разликите во американскиот и францускиот менталитет, што нè доведува до различни толкувања на херојството, предавството и моралната слобода.