X
 18.08.2026 Живот

Почна уписот на УКИМ, слободни над 8.800 места

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска почна пријавувањето за студирање во првиот рок, вториот е на 10 и 11.9.2026, а третиот е на 23.9.2026.

Објавување на резултатите од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) е на 24.8.2026 за првиот уписен рок и на 15.9.2026 за вториот.


Според Конкурсот, 4.395 маста се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3.621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти.

Најголем број студенти (над 500) ќе примат Медицинскиот факултет (950 места), ФИНКИ (800), ФЕИТ и Машински по 600, Природно-математичкиот (626), Економскиот 655, Правниот факултет 555, Филозофскиот 635 и Филолошкиот факултет 805.
.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот