X
 18.08.2017 Образование

Успешен прв уписен рок на УКЛО

уписи

Реализацијата на Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии во првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски„ –Битола,  е спроведен успешно, информираат од УКЛО.

На 11 високообразовни институции во состав на  УКЛО во  првиот уписен рок конкурирале 1100 студенти, што е во рамки на  проектираниот интерес, односно, станува збор за еден константен интерес на пријавените кандидати во однос на минатите години, што е присутно кај сите едници на УКЛО, изјави ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, посочувајќи дека бројките се движат во слични рамки како и во  претходните академски години.

Според ректорот Коруновски, ако се земат во предвид сложените конкурентски услови во виското образование и намалениот наталитет, образовната понуда на УКЛО којашто е препознатлива и хетерогена, го задржува интересот за запишување на овој Универзитет. 

По однос на дисперзираните студии од УКЛО информираат дека од вкупниот број на пријавени кандидати, 1000 матуранти конкурирале на матичните единици, другите 10%, се на дисперзираните студии, главно концентрирани на битолските дисперзии.

На денешниот брифинг со медиумите, од УКЛО ги охрабрија сите незапишани кандидати да ги искористат можностите за упис во престојните уписни рокови,  во кои може да се запишат кандидати со и без државна матура.

Универзитетот „Св. Климент Охридски„ –Битола според Конкурсот за упис на нови студенти на прв циклус студии во академската 2017/18 ќе реализира уште два уписни рока и тоа, вториот на 1 и 4 септември и третиот на 14 септември 2017 година.

Од УКЛО ја потврдуваат подготвеноста за новите студенти благодарение на комплетната кадровска и техничка екипираност, како и развиената соработка со опкружувањето што дава дополнителен импулс за успешна едукација и професионални перспективи за студентите.

Според Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на УКЛО во академската 2017/2018 година може да се запишат вкупно 4095 од кои 2255 во државна квота, 950 со кофинансирање и  890 за вонредни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование