X
 18.09.2018 Култура

„Игра на тронови“ на тронот на годинашното доделување награди „Еми“

Сериите „Игра на троновите“ и „Прекрасната госпоѓа Мејзл“ се најголемите победници на 70. доделување на телевизиските награди „Еми“ што синоќа се одржа во Лос Анџелес.

Средновековната фантази-серија на Ејч-би-о, „Игра на троновите“, освои девет награди, вклучително и награди за специјални ефекти и каскадери и по третпат е прогласена за најдобра драмска серија, победувајќи ја „Приказна за робинката“.

Стриминг-сервисот „Нетфликс“ имаше најмногу номинации, вкупно 112, но на крајот заврши изедначен со Ејч-би-о со 23 добиени награди.

Серијата „Прекрасната госпоѓа Мејзл“ ја доби наградата за најдобра комедија, а освои уште седум награди, меѓу кои и за најдобра актерка во комедија - Рејчел Броснахан.

За најдобра драмска актерка е прогласена Клер Фој за улогата на кралицата Елизабета во серијата „Круна“.

Метју Рајс ја зеде наградата за најдобар актер во драма за улогата на руски шпион во „Американци“.

Ова се победниците во поважните категории:

Најдобра драмска серија

„Игра на троновите“

Најдобра комедија

„Прекрасната госпоѓа Мејзл“

Најдобра мини-серија

„Убиството на Џони Версаче: американска крими-приказна“

Најдобар актер во драма

Метју Рајс за „Американци“

Најдобра актерка во драма

Клер Фој за „Круна“

Најдобар актер во комедија

Бил Хејдер за „Бери“

Најдобра актерка во комедија

Рејчел Броснахан за „Прекрасната госпоѓа Мејзл“

Најдобар актер во мини-серија

Дарен Крис за „Убиството на Џани Версаче: американска крими-приказна“

Најдобра актерка во мини-серија

Реџина Кинг за „Седум секунди“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура