На три меѓународни фестивали филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ освои седум награди. Победничката листа сега е збогатена и има вкупно 21 награда, а е дистрибуиран во 35 земји.
На Сале женскиот филмски фестивал (
Salé Women Film Festival) што се одржа во Мароко, „Петрунија“ освои три награди. Специјалната награда од жирито за режија ја доби Теона Стругар-Митевска, наградата за најдобар актер ја доби Зорица Нушева, а главната награда што ја доделува УНЕСКО, македонскиот филм ја сподели со грчкиот „Нејзината работа“ на Николс Лабот. Од продукцијата велат дека на фестивалот во Мароко нивниот филм бил одлично примен од публиката, жирито, филмските професионалци и новинари.
Теона Стругар-Митевска
Во конкуренција на осум филма, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја освои наградата за најдобар филм за малцински копродукции „Златна Весна“, во рамките на
Филмскиот фестивал во Порторож, Словенија, посветен на словенечкиот филм. Во рамките на фестивалот филмот доби и награда од Здружението на уметнички кина на Словенија.
Од продукцијата „Сестри и брат Митевски“ најавуваат дека филмот есенва ќе оди на редовна кинодистрибуција во: Италија, Германија, Шпанија, Полска и Грција.