X
 24.11.2020 Живот

Реклама што одлично ја опишува 2020 година

Сезоната на емотивни божиќни реклами е во полн ек. Не можеме да им одолееме, па и 2020 година не е исклучок бидејќи на сите ни треба малку оптимизам за да запловиме во празничниот период, кој ќе биде поинаков овој декември.

Меѓу приказните што особено се истакнаа е рекламата на „Амазон“, која не е директно поврзана со Божиќ, но беше лансирана како дел од празничната кампања и секако заслужува да ја видат сите. Главната улога ја игра една млада девојка, балерина, која живее за танцот, а чии тренинзи и планови за големиот годишен настап беа уништени поради епидемијата низ целиот свет. Но, нејзиниот труд не поминува незабележано, па нејзината помлада сестра со помош на соседите успева да организиран уникатен перформанс што ќе им ја разубави вечерта на сите станари во зградата.

На видеото може да се чуе „Тhe Show Must Go On“, голем класик на групата „Квин“, и испраќа јасна порака: дека дури и во предизвикувачки времиња треба да одиме понатаму и да одржуваме оптимистички дух, дури и во најмалите детали.
- Од „Амазон“ велат дека видеото го направиле во чест на некршливиот човечки дух.


Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот