X
 18.09.2018 Образование

Шеста студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

СКЕЕОР претставува студентска конференција на тема Енергетска ефикасност и одржлив развој. Основната идеја на конференцијата е размена на знаења и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од компании со што би се направил чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржлив развој. Конференцијата опфаќа широки и актуелни области на истражување како обновливи извори на енергија и сите класични и иновативни решенија за подобрување на енергетската ефикасност. Студентите може да обработуваат теми од областа на автоматизација како и паметни мрежи кои вклучуваат интегрирање и редовно користење на електрични возила. Енергетски ефикасните материјали и објекти имаат огромен потенцијал кој студентите исто така ќе можат да го истражат во рамките на конференцијата.
Конференцијата е наменета за додипломци и постдипломци, претставници од академската средина кои се занимаваат со оваа проблематика и сите компании кои во текот на своето работење имплементираат методи кои се поврзани со енергетска ефикасност и одржлив развој.

СКЕЕОР се одржува во рамки на факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, Скопје.  Оваа година конференцијата ќе се одржи во периодот од 5ти – 8ми декември 2018 во просториите на ФЕИТ по шести пат. Се очекуваат над 50 научни трудови, голем број пленарни предавања и над 150 учесници меѓу кои студенти и професори од реномирани странски универзитети. Пријавувањето на апстракти е до 1ви октомври, а на цел труд до 1ви ноември 2018. Влезот е слободен и за сите кои се заинтересирани да ги слушаат презентациите. Не пропуштајте и вие да бидете дел од СКЕЕОР 2018, да ги проширите своите знаења и да го дадете својот придонес во оваа проблематика.

За повеќе информации посетете ја интернет страната : https://skeeor.feit.ukim.edu.mk/?lang=mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование