Од победување во „Гоу“ до полагање тестови од осмо одделение, вештачката интелигенција прави брз напредок. Но, сепак, заостанува кога станува збор за нејзината креативност.
На 4 септември 2019 година Питер Кларк и уште неколку други истражувачи го објавија проектот наречен „Од 1 до 5 на испитите за наука: Преглед на проектот Аристо“. Проектот Аристо беше поздравен за подобрувањето што го покажа и беше тестиран на ист начин на кој се тестираат осмоодделенците за нивното знаење во полето на науката.
Истражувачите заклучиле дека станува збор за важна пресвртница за вештачката интелигенција.
- Иако Аристо одговара само на прашања со повеќекратни одговори без дијаграми и работи само во доменот на науката, тој сепак претставува важна пресвртница кон системите што можат да читаат и разбираат. Резултатите од задачите се извонредни, со точност што се движи од 60 до 90 отсто во период од три години - изјавија научниците.
Фото: iStock
Проектот Аристо е поткрепен со финансиски ресурси и визијата на Пол Г. Ален, основач на Институтот за вештачка интелигенција „Ален“.
И покрај тоа што напредокот на Аристо е навистина импресивен, вештачката интелигенција е далеку од способноста да го положи Туринг-тестот.
- Иако не може да го реши Турин-тестот, оваа вештачка интелигенција вреди поради нејзиното прикажување на неколку способности силно поврзани со интелигенцијата - можности што им се потребни на нашите машини доколку треба да извршуваат паметни активности што ги посакуваме во иднина - вклучувајќи и разбирање за јазикот, расудување и употреба на знаење при здрав разум - велат истражувачите.
- Покрај тоа, од практична гледна точка, тестовите се достапни, мерливи и разбирливи. Токму затоа и некои наставници ги сакаат стандардизираните
тестови, додека други се против нив поради фактот дека оставаат погрешен впечаток дека ја мерат интелигенцијата кога сè што можат да измерат се перформансите на една специфична природа.
Кога станува збор за покреативната интелигенција, во која одговорот едноставно не може да се најде толку лесно, ниту да се претчувствува, вештачката интелигенција има долг пат што треба да го изоди. Тоа можеме да го видиме во обидите да создаде сценарио.