X
 04.08.2016 Технологија

Кинезите направија чудо од автобус

Инженрите конечно го завршија таканаречениот „Transit Elevated Bus“ (TEB) на Кина, големиот автобус кој на автомобилите им овозможува да поминуваат под него.

 

1


Прототипот беше претставен вчера во провинцијата Хебеи во градот Куинхуангдао. Автобусот е долг 22 метри, 7.8 метри широк и 4.8 метри висок. Може да пренесува до 300 патници, а под него можат да поминуваат автомобили пониски од 2 метри.

 

1

2


Во вторникот инженерите го тестираа автобусот на 300 метри демо патека. Како што велат тие, всушност не станува збор за демо возење туку доказ дека концептот одлично функционира. Сонг Ју Зу, главниот инженер, вели дека тимот позади автобусот планира возилото да го направи комерцијално достапно во рок од една година до година и пол.

Автобусот би можел да биде ефективен начин за решавање на сообраќајниот метеж со оглед на неговата можност да пренесува стотици патници во еден момент без попречување на редовниот проток на возила под него.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија