X
 18.10.2019 Живот

Ова се најскапите градови во светот

Замислете за возење со такси, вечера, кино и безалкохолен пијалак да платите 215 евра. А сега замислете го животот во Цирих.

Земајќи ги предвид цените за храна, алкохол и цигари, трошоците за домаќинството, облека и обувки, лична хигиена, превоз, забава, висина на кирија и сметки, истражувањето на „Мерсер“ состави листа со најскапите градови за живеење во 2019 година.

Убедливо најскапи се азиските градови, особено градовите во Кина. Три града од Кина се најдоа во топ-10.

На листата се наоѓаат вкупно 209 града, а Скопје се најде на 201. место, што значи дека нашата престолнина е доста евтина. Кога станува збор за регионот, Загреб се најде на 143. место, Љубљана на 142. место и тие се најскапи во регионот, а веднаш по нив се Софија на 177. место, Белград на 181. место и Сараево на 194. место.

singapur
Фото: Getty Images


Ова се 10-те најскапи градови во светот:

1. Хонг Конг – Кина

2. Tокио – Јапонија

3. Сингапур

4. Сеул – Јужна Кореја

5. Цирих – Швајцарија

6. Шангај – Кина

7. Ашхабад – Туркменистан

8. Пекинг – Кина

9. Њујорк – САД

10. Шенжен – Кина
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот