X
 18.10.2022 Живот

Италијански регион доделува бесплатни карти за воз за туристите

Италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија соработува со италијанската железничка компанија „Трениталија“ за да доделува бесплатни повратни билети за воз за туристите.

Туристите мора да престојуваат најмалку 2 ноќевања во регионот за да се квалификуваат за бесплатен билет. Освен тоа, билетот мора да биде за локација во Италија, а дестинацијата треба да биде во регионот.

Понудата трае до 31 мај 2023 година, а регистрирањето за билет се прави преку туристичкиот оператор „Травел уан“.

Регионот Фриули-Венеција Џулија се наоѓа во североисточниот дел од Италија.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот