X
 18.11.2020 Живот

Виртуелни тури во најубавите божиќни пазари во Европа

Божиќните пазари се најубави во Европа. Но, за жал, оваа година поголемиот дел од нас нема да имаат шанса да видат некој божиќен пазар во живо. Многу европски земји ги откажаа божиќните пазари поради пандемијата. Пазарот во Нирнберг бил откажан првпат по Втората светска војна. Сепак, како и многу други настани годинава, може да се ужива и во божиќните пазари преку интернет.

Во Берлин обично има повеќе божиќни пазари, а оваа година тоа нема да биде така. Но може да го посетите пазарот во палатата „Шарлотенбург“ преку тура од 360 степени што ќе ја пронајдете овде.

Доколку сакате нешто пократко, може да се транспортирате во Лондон и да уживате во божиќните светла со видеото во продолжение.


За љубителите на Виена, во продолжение погледнете виртуелна тура на еден од најголемите божиќни пазари во градот.


Бидејќи нема Божиќ без Дедо Мраз, можете да уживате во пренос во живо од селото на Дедо Мраз во Лапонија, Финска. 


Може да најдете повеќе божиќни тури од светот овде.

Автор: Џесика Појтевин
Извор: travelandleisure.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот