X
 26.10.2018 Живот

„Тесла“ го носи својот „модел 3“ во Европа

Производителот на автомобили „Тесла“, кој во третото тримесечје од годинава заработи 312 милиони долари благодарение на продажбата на автомобилите „модел 3“, го најави својот извоз на овие возила во Европа и во Кина.

– Пазарот за седани со средна големина во Европа е двапати поголем од оној во САД. Затоа, ние со нетрпение го очекуваме префрлањето на „моделот 3“ во Европа на почетокот од наредната година - соопштија од „Тесла“.

Првите нарачки ќе може да се направат во наредните два месеца. Потоа седанот ќе може да се најде и на кинескиот пазар, а за подолгорочни цели, предвидена е и изградба на фабрика во Шангај.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот