Ако високите трошоци за живот или токсичната политичка клима станале премногу за вас, постојат неколку европски земји кои со задоволство ги пречекуваат новите жители, толку многу што и ќе им платат.
Од региони во Италија до градови во Хрватска, овие места нудат различни парични стимулации, дури и до 32.000 долари, за да ги привлечат луѓето да се преселат таму.
Секако, нема да живеете во популарните и понаселени делови бидејќи грижата на овие програми генерално е борба против недостигот на жители. Но, тоа не значи дека не можете да завршите во живописен дел од светот со сосема нов начин на живот.
Албинен, Швајцарија
Во обид да привлече помлади жители, малото швајцарско село Албинен нуди 30.000 долари по возрасен и 10.000 евра по дете за едно семејство да се пресели во ова далечно алпско место.
Во швајцарското село сместено во областа Леку има мирен живот. Во селото нема училиште, банка или пошта, а останат е само еден паб.
Оние што сонуваат да ја остават вревата на градскиот живот зад себе во корист на опуштање на далечно место, мора да исполнат некои услови. Кандидатите треба да бидат помлади од 45 години, да можат да купат куќа вредна околу 206.000 евра во селото и да сакаат да живеат во Албинен најмалку 10 години и да станат швајцарски државјани.
Оние што нема да останат 10 години, ќе треба да го вратат грантот за домовите.
Антикитера, Грција
Егејскиот остров Антикитера бара семејства и е подготвен да плати за нив. Овој грчки рај може да се пофали со кристално сини води, солидни карпи и историски шарм.
Почнувајќи од 2019 година, локалните власти започнаа програма која им обезбедува на семејствата со три или повеќе деца месечна стипендија од 500 евра, бесплатно сместување и бесплатна храна доколку трајно се преселат на островот.
Бројот на населението во малата заедница, која е сместена помеѓу Крит и грчкото копно, падна на само 24 бидејќи помладите жители избегаа за подобри економски можности. Локалните власти велат дека рибарите, пекарите, градежниците и земјоделците би биле особено добредојдени на островот.
Но, островот подоцна објави дека се најдени четири семејства, така што програмата заврши.
Сега, четири години подоцна, се чини дека островот ја рестартира својата програма за преместување, овој пат здружувајќи се со Грчката православна црква. Повторно семејствата со три или повеќе деца можат да добијат месечен додаток од 500 евра до три години, во вкупна вредност од 18.000 евра.
Легард, Хрватска
Мала хрватска заедница се обидува да привлече повеќе жители со продажба на домови по цена што почнува од 13 центи.
Леград, град кој се наоѓа во северна Хрватска, е дом на околу 2.000 луѓе. Локалните власти ја започнаа оваа програма за населување уште од 2018 година. Кандидатите мора да бидат под 45 години, во брачно или вонбрачно партнерство, да имаат чисто досие и да не поседуваат имот.
Градоначалникот на Леград рече дека биле заинтересирани и жители од Русија, Украина, Турција, Аргентина и Колумбија, но поради тешкиот процес на имиграција во Хрватска, градот одлучи да ја задржи програмата на хрватски државјани.
Понга, Шпанија
За оние што немаат три деца или десетици илјади евра, идиличниот шпански град Понга можеби е најдобрата опција за преселување.
Понга е град лоциран во северните планини на Шпанија и нуди 2.000 евра за секој човек што планира да живее таму. Целта е да се поттикне локалната економија, која опслужува население од помалку од 600 луѓе. Семејствата со деца кои се преселуваат во градот можат да добијат до 3.000 евра, а оние што ќе имаат бебе родено во селото ќе добијат дополнителни 3.500 евра.
Оние што ќе се одлучат на овој чекор ќе мора да останат во Понга најмалку 5 години.
Сардинија, Италија
Италијанскиот остров Сардинија нуди 15.000 евра за да се преселите таму.
Позната по песочните плажи, синото небо и тиркизната вода, оваа медитеранска идила се соочува со мал број рурално население затоа што младите жители се преселуваат во странство.
За борба против овој егзодус, владата одвои 45 милиони евра како поттик за преселување. За да ги исполните условите, ќе треба да се преселите во Сардинија.
Парите мора да ги искористите и за купување и реновирање куќа. Стимулацијата не може да надмине половина од вкупната цена на куќата или реновирањето, што значи дека во некои случаи сумата од 15.000 евра ќе се намали.
Тоскана, Италија
Минатиот месец властите во Тоскана започнаа програма за престој која ќе им плаќа на луѓето да живеат во руралните италијански села.
Програмата „Премногу добро за да биде вистинито“ користи фонд од 3 милиони долари за поддршка на потенцијалните жители на Тоскана да започнат живот во планините во Италија. Програмата за поттикнување е дел од напорите на Италија да го стабилизира својот намален број на население, нудејќи им на луѓето финансиска поддршка да ги реновираат старите домови.
Грантовите ќе покриваат 50 отсто од трошоците за реновирање во еден од 76. тоскански градови, сите со помалку од 5.000 жители.
Италијанците, другите жители на Европската Унија и граѓаните од земји што не се членки на ЕУ со долгорочен престој можат да избираат меѓу неколку места, вклучително и на островот Капраја Исола или среде природната убавина на Касијано деи Бањи.
Апликациите за програмата завршуваат на 27 јули 2024 година.
Извор:
Business Insider
Фото: Freepik