X
 13.01.2020 Економија

Кинеските инвестиции во Европа и во Северна Америка најниски во последните 10 години

Кинеските инвестиции во Европа и во Северна Америка во 2019 година достигнаа најниско ниво во последните десет години, покажуваат резултатите од анализата на компанијата „Бекер Мекензи“ во партнерство со водечкиот истражувач Родиум Груп.

Инвестициите во Европа се намалија за 40 отсто, а во Северна Америка за 27 отсто минатата година и изнесувале вкупно 19 милијарди американски долари, се наведува во анализата.

Најголемите кинески инвестиции во Европа биле во Финска (5,3 милијарди долари), Шведска (1,3 милијарда), Германија и Италија (по 700 милиони долари).

Исто така, инвестициите во Ирска се зголемија за 50 отсто.

Кина во Канада и во САД најмногу инвестирала во Канзас (2 милијарди долари), Британска Колумбија и Калифорнија (по 700 милиони), Тенеси (400 милиони) и Мејн (200 милиони долари).

- Либерализацијата на политиката од страна на кинеската влада ги укина претходните прагови наметнати од странски инвеститори и доведе до склучување договори во автмобилскиот и финансискиот сектор. Ова може да доведе до тоа кинеските инвестиции во странство да се вратат на повисоко ниво во следните години - изјави Мајкл де Франко од „Бекер Мекензи“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија