X
 18.12.2017 Наука

Супстанциите што предизвикуваат најголема зависност

Зависноста е сериозна тема. Во светот постојат многу супстанции од кои лесно се создава зависност. Истражување од 2017 година ги идентификува петте супстанции што предизвикуваат најголема зависност.

За таа цел, била измерена штетата од различните дроги и нивната потенцијална погрешна употреба, односно злоупотреба. Истражувањето се засновало на три фактори: задоволство, психолошка зависност и физичка зависност. Ги рангирале супстанциите на скала од 0 до 3 според потенцијалот за зависност, соодветно.

1. Хероин – ранг: 3 од 3
2. Кокаин – ранг: 2,4 од 4
3. Никотин – ранг: 2,2 од 3
4. Седативи – ранг: 2 од 3
5. Алкохол – ранг: 1,9 од 3

Студија од 2010 година, супстанциите што предизвикуваат најголема зависност ги рангирала на различен начин – според штетата што ја предизвикуваат кај корисниците и според тоа кои супстанции им се најблиски на корисниците.

Дваесет дроги биле рангирани според 16 критериуми: 9 биле поврзани со штетата предизвикана кај индивидуата и 7 со штетата предизвикана кај другите. Хероинот бил рангиран со 34 поени од 100, кокаин (крек) со 37, метамфетамин со 32 – овие дроги биле најштетни за индивидуите. Алкохолот (резултат 46), хероин (21), кокаин (17), се супстанциите што се најштетни за другите. Во студијата се заклучило дека, сепак, алкохолот е најштетната супстанција (72), хероинот (55) по него, а потоа кокаинот (54).
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука