X
 03.07.2020 Наука

Научниците мислат дека ја решиле мистеријата за напуштениот антички град на Маите

Научниците сметаат дека конечно ја откриле долгогодишната мистерија зошто еден од најголемите градови во моќната империја на Маите бил напуштен.

Античкиот град на Маите, Тикал, гордо стоел во центарот на едно од најголемите светски кралства во период од 1.000 години. Како еден од најголемите и најважни урбани центри во античкиот свет, чудно е што исчезнал и останал напуштен за повторно да биде откриен векови подоцна - но, токму тоа се случило.

Во 1853 година во Гватемала случајно бил откопан градот Тикал, кој бил заспан 1.000 години. Од некоја  причина Маите го напуштиле, како и многу други градови во 9 век од н.е.

Сега истражувачите од Универзитетот во Синсинати веруваат дека ја откриле мистеријата - затоа што резервоарите во центарот на градот содржеле токсична вода што не се пиела. Значи, водите што некогаш ја одржувале оваа античка цивилизација, познати за Маите како Мутул, биле полни со жива и алги, така што оној што ја консумирал се чувствувал многу лошо.

Тоа значи дека и покрај тоа што градот се наоѓал на истото место уште од 3 век, морал да биде напуштен од цивилизацијата и таа да се пресели некаде каде што имало чиста вода за пиење.

mai
Фото: Pixabay

Бидејќи делот од Гватемала во кој се наоѓа Тикал е склон кон суши, чистиот резервоар на дождовница бил од витално значење за опстанокот на луѓето што живееле таму. Но, пигментот што Маите го користеле за обојување на зградите и глинените производи изгледа навлегол во резервоарите со текот на годините, создавајќи опасен слој на талог богат со жива.

- Археолозите и антрополозите долго време се обидуваа да откријат што се случило со Маите. Најдовме два вида сино-зелени алги што произведуваат токсични хемикалии. Лошата работа е што тие се отпорни на вриење, па поради нив водата од овие резервоари била токсична за пиење - вели Дејвид Ленц, главниот автор на истражувањето.

Извор: Ladbible.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука