Интерактивното учење е еден од најдобрите начини да апсорбирате и да го одржувате знаењето за нов предмет. Овие 11 веб-страници во полето на науката, за интерактивно учење, се токму она што е потребно за сите љубопитни умови.
Повеќето од нив се анимирани за помлади ученици, но некои од нив можат да ги забавуваат и возрасните.
1. „Edheads“ - одлична веб-страница за младите амбициозни научници
„Edheads“ се смета за една од најдобрите научни веб-страници за интерактивно учење за деца. Има голема колекција на интерактивни активности поврзани со науката што ќе ги забавува децата додека им ги проширува хоризонтите во науката.
Активностите вклучуваат работи како создавање матични клетки, дизајнирање мобилен телефон, истражување на местото на несреќата, па дури и извршување операција на мозокот.
Оваа веб-страница им помага на децата да изградат, споделат и да добијат повратна информација од експертите. Нејзиниот главен фокус е на учењето на децата и нивните родители за моќта на вештачката интелигенција. Главната цел е да ги обедини членовите од семејството за да научат да изградат сопствена вештачка интелигенција.
„Teachers TryScience“ е веб-страница специјално дизајнирана да го поттикне младиот ум на децата и нивниот интерес за науката, технологијата, инженерството и математиката. Им помага на децата да решат проблеми во науката за животната средина, а децата ќе треба да ги искористат и концептите и вештините за хемија и наука за земјата. Има голема колекција на интерактивни експерименти, патувања низ терени и други авантури.
Оваа веб-страница е дел од „San Francisco Exploratorium“. Страницата нуди одлични експерименти што ќе им помогнат на децата да ги научат основните и покомплексните научни принципи.
„Science Kids“ е уште една интерактивна веб-страница за учење што се фокусира на учење на децата за чудата на науката. Веб-страницата има голем избор на научни игри што покриваат теми од живи суштества до физички процеси и сето останато.
„BrainPOP“ е одлична веб-страница за интерактивно учење на науката што е прекрасно дизајнирана. Станува збор за активна веб-страница за младите ученици со голем број анимации, филмови и кратки интерактивни квизови.
„HHMI“ е веб-страница полна со 3Д-интерактивни, виртуелни лаборатории и активности што можат да се испечатат и да се користат. Материјалот е интересен и соодветен за сите возрасти.
На оваа веб-страница може да пронајдете голем број графикони што лесно се разбираат, како и друга интерактивна содржина. Има одлична колекција на интерактивни лекции што покриваат големи нешта како структурата на Земјата и тектониката на плочите.
Создадена од самиот „Нешнл џиографик“, знаете дека можете да ѝ верувате на оваа веб-страница, како и на нејзиниот врвен квалитет. Веб-страницата нуди огромна колекција на видеа, активности и забавни игри што ќе ги окупираат децата со часови.
Оваа веб-страница е вистински дијамант меѓу
веб-страниците за наука. Создадена од Универзитетот „Булдер“, Колорадо, има огромна колекција на симулатори што покриваат повеќе теми од физиката, од кружењето на брановите до квантната физика.
„Wonderville“ е уште една одлична веб-страница за наука што изобилува со интерактивни активности за децата. Со оваа веб-страница учењето наука е забавно за сите деца.