X
 27.01.2018 Наука

Игла со големина на човечко влакно овозможува инјекции во мозокот

igla
Фото: Canan Dagdeviren

Нарушувањата на мозокот се тешки за лекување бидејќи лековите не можат да стигнат до делови од мозокот каде што се потребни. Но наскоро ова би можело да се промени благодарение на новиот систем развиен од Институтот за технологија во Масачусетс, што користи игла со големина на влакно од коса за директно поставување лекови до специфични делови од мозокот.

Истражувачите од Институтот за технологија во Масачусетс создадоа систем што може да достави лекови директно до делови од мозокот, мали колку еден кубен милиметар. Користејќи ја иглата со големина на човечка коса, системот овозможува директно третирање на болести што влијаат врз мозокот преку специфични кола или региони без повреди или интеракција со други околни области.

Ултратенката игла содржи цевки што можат да пренесат лек длабоко во мозокот. Сите компоненти што се користат се врвни, што на докторот му даваат можност да ја изврши процедурата колку што е можно попрецизно кога станува збор за длабочината на иглата, како и колку лекови да ослободи. Истражувачите ја тестирале технологијата на стаорци и успеале да достават одредена доза на лекови за одреден регион на мозокот, што влијае врз моторната функција на стаорецот.

„Можеме да вметнеме мали количини на повеќе лекови во споредба со она што можеме да го направиме интравенски или орално“, вели Канан Дагдевирен, доцент на Институтот за технологија во Масачусетс и главен автор на трудот.

Истражувачите од Институтот не само што успешно администрирале лекови на екстремно специфични локации, туку и успеале да инјектираат посебна доза на солен за „миење“ на лекот, што им дала максимална контрола кога станува збор за дозирање.

Способноста за директно администрирање на лековите во мозокот не само што може да доведе до нови третмани, туку исто така може значително да ги подобри постоечките. Многу лекови што се користат за лекување на нарушувања и болести на мозокот, често доаѓаат со низа несакани ефекти, главно поради тоа што лековите можат да влијаат и на други региони на мозокот.

„Веруваме дека овој мал уред со микроскопија би можел да има огромно влијание врз разбирањето на мозочните заболувања“, вели Роберт Лангер, професор на Институтот и еден од авторите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука