X
 18.12.2019 Култура

Kрајот на оваа култна серија е прогласен за најдобро финале во последните 20 години

- Ќе пиеме кафе?
- Секако, каде?

На екранот се појавува жолта рамка за фотографија на виолетова врата. Тоа е тоа - најдоброто ТВ-финале за последните 20 години.

Всушност, малку повеќе работи се случија во последната епизода на „Пријатели“, но ја сфаќате поентата.

Последната сцена им стави крај на десет години шеги, врски и дружење во кафулето. По 10 години им рековме чао на Рејчел (Џенифер Анистон), Моника (Кортни Кокс), Чендлер (Метју Пери), Рос (Дејвид Швимер) и Џои (Мет ЛеБланк).

„Пријатели“ е исто сакана денес колку и претходно, и покрај фактот дека финалето се емитуваше во 2004 година. Всушност, финалето на оваа серија е прогласено за најдобро во изминативе 20 години, според гласањето на фановите спроведено од „Диџитал спај“.

Без оглед дали сте обожавател на „Пријатели“, лесно е да сфатите зошто крајот е толку високо рангиран.

1
Фото: Warner Bros


Финалето е поделено на два дела, и во неколку минути гледачите се „возат“ на луда железница од емоции: Рејчел се качува на авион за Париз, додека Рос сфаќа дека не сака таа да замине.

За среќа, тие конечно се заедно, со реченицата: „Слегов од авионот“. Освен тоа, дознаваме дека Моника и Чендлер ќе имаат две, а не едно бебе.

На крај, пријателите се повторно заедно за последен пат во апартманот пред Моника и Чендлер да се преселат во новата куќа. Во стил на „Пријатели“, секако, има време и за едно кафе во „Централ перк“.

Без оглед на тоа колку пати ќе ја изгледате серијата, финалето секогаш е емотивно, докажувајќи дека вреди што ја доби титулата најдобро финале.

1
Фото: Warner Bros


„Бафи, ловецот на вампири“, „Брејкинг бед“, „Бубалици“ и „Живот на Марс“ се најдоа меѓу првите пет серии со најдобро финале.

„Пријатели“ се најде на првото место и во други категории, а моментот на Рос и Рејчел - „бевме на пауза“ се најде на четврто место во категоријата најдобри ТВ-моменти.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура