X
 08.10.2015 Живот

Настан кој го привлече медиумското внимание кон големиот број на самоубиства

Во Литванија, луѓето се самоубиваат три пати повеќе од луѓето во другите европски земји. Бројката е околу 1.000 луѓе годишно или по тројца луѓе во денот. Сепак, властите се`уште немаат преземено ефективни одлуки.

 

литванија


Токму поради тоа, и поради фактот што изгубил 8 пријатели кои се самоубиле, еден познат актер од Литванија поканил луѓе преку Фејсбук да донираат за спречување на самоубиство и тоа на линијата која помага во спречување на самоубиствата, наречена „Jaunimo linijа“.

 

2

3

 

Исто така, тој одлучил да направи нешто големо со што ќе го привлече вниманието на луѓето, па затоа поканил 1.095 луѓе да легнат на плоштадот во главниот град Вилнус - околу 500 луѓе отишле, а актерот привлече доста големо медиумско внимание.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот