Во предградието на Будимпешта, преку живописниот рид Буда, се наоѓа кратката железничка линија наречена Гиермеквасут што на унгарски значи „Детска железница“.
Не станува збор за воз играчка кој се наоѓа во забавните паркови. Тоа е вистинска железничка со вистински локомотиви и вистински железнички работници кои се деца.
Детската железница ја водат во најголем дел тинејџери на возраст од 10 до 14 години, секако, под надзор на возрасните. Само возењето и одржувањето на машините го извршуваат возрасните. Сите други работи, од проверка, издавање на билетите, до сигнали, соопштенија и информации за патниците ги извршуват овие млади луѓе облечени во официјални униформи со соодветни реквизити.
Детската железница останала од комунистичкото време, изградена во времето кога движењето Млади пионери беше во полна пареа. Млади пионери беше младинско движење на Комунистичката партија, слично на движењето на извидници на западниот свет кое на младите им помагаше да научат вештини за социјална соработка и учество на јавно финансирани летни кампови. Младите пионери првично биле извидници, кои подоцна биле преземени од страна на Болшевиците после Октомвриската револуција во 1917 година. Многу извидници, сепак, им се спротиставиле на комунистите и се бореле во редовите на Белата армија и учествувале во интервенцијата против Црвената Армија за време на Руската граѓанска војна од 1917 до 1921 година. Откако комунизмот се зацврсти во земјата, системот на извидници бил искоренет и бил заменет со идеолошки поинаква организација на Млади пионери кои соодветно ги учеле децата со комунистички учења.
Детската железница, понекогаш наречена и Пионерски железница, била проект на Младите пионери кадешто тинејџерите и децата учелее за железничката професија. Овие железници биле основани во целиот Советски Сојуз и Источна Европа кадешто комунизмот беше присутен. Првата била отворена во Горки парк, Москва, во 1932 година. Овој во Будимпешта се отворил во 1948 година. До распаѓањето на СССР, постоеле 50 вакви железници и уште многу други низ целиот Источен блок. Многу Пионерски железници се`уште се во употреба и денес функционираат како наследство, но и туристички атракции. Освен во Будимпешта, други примери се во Минск, Дрезден, Берлин, Белорусија, Тбилиси и други градови.
Детската железница во Будимпешта е долга 11.2 километри и поминува низ седум постојки, сите популарни рекреативни места. За да работат на железницата, децата одат на 4 месечна обука и полагаат испити за сите области на управување со железничка пред да добијат лиценца која трае една година. Децата работат еднаш или два пати на две недели, ротирајќи ги работните места, такашто да можат да ги вклопат своите должности и одењето на училиште. Дури и им е дозволено да не одат на училиште додека работат на железницата. Работењето во железницта е привилегија, а младите Унгарци со нетрпение очекуваат да работат.
Линк до галеријата.