X
 05.05.2017 Култура

Античкиот пат кој поминува низ Палестина

пат
Фото: Leila Molana-Allen

4 годишната Шамоус живее во Рас ал-Ауја, каде бедуинските колиби се наоѓаат помеѓу римските археолошки остатоци и водопадите. Нејзините мајка и татко се меѓу 25-те семејства кои го нудат својот дом на посетителите во Масар Ибрахим ал Калил, пешачка патека долга 321 километар која се простира низ палестинските територии.

„Нашите деца се среќни кога доаѓаат нови посетители - тие им даваат подароци и играат со нив. Сакам моите деца да знаат како да примаат гости, за и тие еден ден да знаат како да ја работат оваа работа“, вели Ноура Абу Курбеш.

2
Фото: Leila Molana-Allen

Минувајќи низ западниот брег од градот Џенин, во северниот дел до градот Хеброн кој се наоѓа јужно, Масар Ибрахим е дел од поголем проект наречен „Патот на Авраам“, долга патека за пешачење која ја одбележува рутата направена преку Блискиот Исток од таткото на Арапите и Евреите.

Војната предизвика застој на патот во Сирија, така што рутата во јужна Турција минува низ она што во моментот е помалку безбедна територија. Но дел од Западниот Брег е еден од најуспешните. Стотици странски туристи и локални Палестинци пешачат по оваа патека секоја година, преминувајќи ги културните и верските граници и рушејќи ги стереотипите.

3
Фото: Leila Molana-Allen

„Луѓето го гледаат ова место како „Света земја“ и ги забораваат луѓето кои живеат тука - како тие живеат и како размислуваат. Ова е начин преку кој Палестинците на светот му ја раскажуваат нивната приказна“, вели Заид Алзахари, координатор за патот околу градот Наблус.

Свесни за насилството кое доминира во вестите, Палестинците сакаат посетителите да ги видат работите со сопствени очи.

„Многу гости кои дојдоа да ја посетат Палестина, од своите пријатели го добиваа истиот коментар: „Војна е. Не би требало да ја посетувате“, вели Ранд Мура, чија мајка нуди сместување за пешаците во селото Кафр Малик, кое се наоѓа на 800 метри надморска височина и 25 километри североисточно од градот Рамалах. „Но, кога ќе дојдат тука, секогаш го менуваат мислењето и ја гледаат светлата страна на оваа земја“, вели тој.

Создавањето на патот не било баш лесно. Тимот за координирање на Масар Ибрахим работел напорно - морал да работи на бројни пречки, како што се воените контролни пунктови управувани од израелските воени сили и палестинските власти, каде возилата и патниците постојано се проверуваат и пребаруваат. Така на пример, во Аварта, јужно од Набулс, пешаците мораат да патуваат 8 километри со автомобил за да заобиколат една инспекција.

4
Фото: Leila Molana-Allen

Селото Дума, кое се наоѓа на 25 километри од Наблус има 3.500 жители. Во 2015 година се соочи со огромна трагедија кога 18 годишниот Али Давабшех и неговите родители загинале во подметнат пожар.

„Секогаш ги носам пешаците од Масар Ибрахим во нивната куќа. Не сакам да доаѓам тука, но сакам тие да ја видат“, вели водичот Анвар.

Сепак, и покрај забавата кои ја нудат околните села и градови, невозможно е да се заборави на конфликтот во овој дел од светот. Политиката се чувствува насекаде.

„Секогаш им посакуваме добредојде на сите гости, без оглед на јазикот што го зборуваат и без оглед на нивната религија и култура. Сакаме да се запознаваме со нови луѓе и да научиме од нивната култура и обичаи“, вели Мура.

Неговиот пријател се согласува. „Среќата не доаѓа од автомобилите и канцелариите. Но можете да ја пронајдете насекаде, а јас ја најдов тука. Јас сум Бедуин и тука припаѓам“, додава тој.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура