X
 17.11.2018 Живот

Ова е зборот што ја обележа 2018 година

„Оксфорд јуниверзити прес“ (Oxford University Press) ги следи промените во англискиот јазик и секоја година избира по еден збор кој најдобро го опишува расположението во текот на тие 12 месеци.

За збор на 2018 година е прогласен зборот „токсично“ (toxic). Лексикографите од организацијата истакнаа дека овој збор се претворил во опиплив опис на сите најпопуларни теми за оваа година. Освен буквалното значење - отровно - луѓето го користеле овој збор и за да опишуваат врски, политика и навики.

Во конкуренција беше и зборот „gaslighting“, со кој се означува манипулација на некое лице со психолошки средства, односно кога некој прави некого луд.

Минатата година за збор на годината беше избран „youthquake“ (младотрес), кој означува значителна културна, политичка или социјална промена која доаѓа од постапките или влијанието на младите луѓе. Со тој збор беше призната моќта на милениумците.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот