„Гугл“ е основан во 1998 година од компјутерските научници Лери Пејџ и Сергеј Брин, но дали знаете што значи зборот?
Со текот на времето брендот стана многу повеќе од синоним за пребарувач бидејќи компанијата ги нуди и „Џимејл“, „Јутјуб“ и многу други.
Името „Гугл“ (англ. Google) всушност доаѓа од погрешен правопис на зборот „гугол“ - број кој се пишува со 1 и сто нули потоа.
Ова име беше избрано за да ја одрази мисијата на Лари и Сергеј да ги организираат информациите во светот и да ги направат универзално достапни и корисни, а интересно е што пред ова „Гугл“ беше наречен „Бекраб“ (англ. Backrub што во слободен превод значи масажа на грбот).
Извор:
6yka.com
Фото: Google/Screenshot