X
 18.12.2022 Живот

Дали сте слушнале за „инглези“? Од Исланд пристигнува уште еден тренд кој ги слави сите предности на самечкиот живот

Данското „хиге“, способноста да уживате во работи што ве смируваат, шведското „фика“, задолжително кафе со пријателите и колегите, норвешкото „алемансретен“, кое означува слобода за талкање во природата - сите тие се прекрасни филозофии кои ни доаѓаат од скандинавските земји. Но дали сте слушнале за исландскиот пристап кон излегувањата и романтичните врски - „инглези“?

Скандинавците знаат што е среќа: Секогаш се на врвот на листата со најсреќни земји

Скандинавците навистина знаат нешто за среќата - Финска неколку години по ред е прогласувана за најсреќна земја во светот, а другите земји од овој регион секогаш се на врвот на таа листа. Една од причините може да биде опуштениот пристап кон „запознавањето“ и романтичните состаноци, што на Исланд го нарекуваат eingleði. Станува збор за концепт што е освежувачки контраст со срамењето и сожалувањето на самците што е толку вообичаено во другите земји.

Зборот е изведенка од исландските зборови „einn“, што значи еден, и „hæði“, што значи радост и е целосно посветен на славењето на сите добри работи во животот на една слободна личност без партнер.

uzivanje
Фото: Unsplash

На Исланд, да се биде сам не е нешто негативно, додека во повеќето други земји сè уште се перципира како состојба која е привремена и која се стремиме да ја промениме. Да се биде сам на човек му дава слобода да го прави она што го чувствува во тој момент. Некогаш ќе биде останување дома со добра книга, другпат лудо вечерно излегување, патување, планинарење...

„Инглези“: Најважно е максималното користење на секој момент како слободна личност, а пронаоѓањето на љубовта станува нешто споредно


Оваа исландска фраза значи „радост да се биде сам“, уживање во секој момент и користење на секој момент како слободна личност. Запознавањето со луѓе, поврзувањето, истражувањето и излегувањето со луѓе од спротивниот пол е дел од тоа, и може, но и не мора да доведе до нешто поголемо.

Извор: Putnikofer.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот