X
 13.10.2020 Живот

Полскиот пристап за постигнување ментална благосостојба

Постојат фрази на други јазици кои опишуваат специфични ситуации. Но, што е со универзалните искуства кога се користи надежта да се пребродат тешките времиња? Полјаците имаат фраза за тоа: jakoś to będzie.

Полјаците добро знаат што се тешки времиња. Тие сепак поминале низ две светски војни. Но наместо да му се предадат на очајот, тие одговараат на најтешките моменти во животот со оптимизам.

Според Би-би-си, фразата jakoś to będzie буквално се преведува како „сѐ ќе биде во ред на крајот“. Таа не претставува изговор за да не се реагира на пречките, туку е начин на кој Полјаците се ослободуваат од проблемите кои не може да ги контролираат и дејствуваат само на она на што може да имаат влијание без да размислуваат на последиците.


Фото: Краков/Pixabay

Овој пристап за ментална благосостојба се објаснува како спротивен на пристапот на Данците познат како hygge. Во Данска оваа фраза го објаснува пријатното чувство на удобност и безбедност во затворени простории. Оваа филозофија е одлична доколку имате време за релаксација во домот, но е помалку корисна во комплицираните моменти од животот кога утехата е попотребна од кога било.

Зборувајќи за Полјаците и нивниот пристап за постигнување ментална благосостојба, писателката Беата Чоматовска вели дека обичниот живот е премногу здодевен и луѓето имаат потреба од адреналин, а не можат да ја издржат стабилноста долго време.

- Секогаш мора да се бориме и да бидеме активни за да ги постигнеме своите цели, како независноста - вели таа.

Автор: Мишел Дебчак
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот