Една година по изговарање на историската реченица „Ние тоа го можеме“ во контекс на решавање на бегалската криза, германската канцеларка изјавува дека веќе нема да ги користи тие зборови.
Меркел објаснува дека фразата се претворила во „прост слоган и речиси безначајна формула“ и дека веќе нема да ја користи, но дека тоа не значи промена на пристапот кога се во прашање мигрантите.
„Понекогаш мислам дека оваа фраза беше малку преценета, до тој степен што не би сакала да ја повторувам“,
изјавила Меркел во интервју за Wirtschaftswoche.
Канцеларката признала и дека зборовите „Ние тоа го можеме“ испровоцирале дел од германската јавност, што, додала, не било целта.
Фразата, заедно со политиката на Меркел, произведе поделби. Најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна создаде огромен притисок врз Меркел и нејзината матична партија, Христијанско-демократската унија, чиј рејтин драстично се намалува. Според податоци од крајот на август, Меркел има поддршка од 41% од гласачите, а нејзината партија 33%, што е најмал процент од парламентарните избори во 2013-та, кога Христијанско-демократска унија освои 41,5%.