X
 23.05.2022 Наука

Невронаучник ги открива тајните за подобар сон

Долго време многумина од нас претпоставуваа дека она што го правиме пред спиење прави разлика во тоа колку добро ќе спиеме. Но, истражувањата сега ни покажуваат дека како го започнуваме денот и што правиме додека сме будни, исто така, игра улога во нашата способност да спиеме навечер.

Еве што вели Ен-Софи Лури, невронаучник и експерт за медитација.

Тајната за добар сон


- Тајната за одличен сон, според мене, лежи во она што го правиме во првите неколку часа од будењето. Нашиот деноноќен циклус одредува кога сакаме да спиеме или да бидеме будни, а тоа е главно управувано од сончевата светлина. Кога сме изложени на светлина кратко пред или по будењето, почнува да се лачи мелатонин (кој ни овозможува да заспиеме) околу 12 до 14 часа подоцна. Значи, важно е овој излив на светлина да се случи рано во текот на денот за да можеме да се чувствуваме поспани во разумно време навечер - вели таа.

Ако излегувањето надвор откако ќе се разбудите не е нешто што сакате да го правите, тогаш доволно е да ги тргнете завесите и да дозволите природната светлина да навлезе во вашиот дом.

Не можете да се натерате да спиете, но можете да си олесните


Ако сте поминале многу ноќи зјапајќи во таванот, прашувајќи се зошто вашиот мозок не се исклучи и не ве остава да спиете, не сте сами.

- Огромна бариера за заспивањето е често повторувањето на средбите, конфликтите или разговорите во текот на вашиот ден. Со признавање на настаните од вашиот ден, набљудување на нив без осудување и на крајот практикување некои техники за релаксација, можете да научите да се ослободите од она што умот го преживува и да најдете мир и удобност - вели Флури.

spienje
Фото: Freepik

Главните три совети на Флури за тоа како можете да си помогнете при заспивањето:

- Електрониката надвор од спалната соба;
- Затемнување на светлата;
- Местење на алармот во исто време секој ден и неодложување;

Рутините пред спиење ви помагаат да заспиете побрзо

- Рутината пред спиење е многу важна - нагласува Флури. Ако се придржувате до распоред што ви одговара, полесно ќе заспиете и полесно ќе се разбудите - вели таа.

Опуштете ги умот и мускулите

Кога се практикуваат редовно, техниките за дишење и вежбите за релаксација на мускулите можат да ви помогнат да заспиете побрзо. Тие исто така дејствуваат како моќен противотров за стресот.

Извор: Techradar.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука