X
 19.01.2024 Технологија

Како да препознаете дека QR-кодот е лажен?

QR-кодовите станаа популарен начин за отворање веб-страница и плаќање за производи и услуги. Но, сите кодови не се безбедни.

Тие функционираат исто како бар-кодовите. Кога ги скенираме со камерата од телефонот, се појавува врска која носи до одредена веб-страница. Тие се користат за преглед на мени во ресторан, поврзување на мрежа, плаќање паркинг итн. Меѓутоа, за криминалците, овие кодови се можност за кражба на идентитетот на луѓето или хакирање на нивните банкарски сметки.

Некои сајбер-криминалци користат QR-кодови за испраќање на корисниците на лажна веб-страница која шири штетен софтвер и извлекува доверливи информации. Ваквите QR-кодови некогаш се испраќаат преку електронска пошта во која се бара нивно скенирање. Потоа криминалците се обидуваат да добијат информации или споделуваат датотеки заразени со вирус.

Друга вообичаена измама е лажен QR-код залепен на оригинален QR-код. Ваквите лажни кодови може да се најдат секаде, дури и на јавни автомати за паркинг или нешто слично. Ваквите лажни кодови често крадат пари од корисникот на тој начин што бараат пари, но наместо уплатата да биде направена на вистинското место, парите се испраќаат до измамникот. Ваков вид измама се користи и за кражба на лични податоци и банкарски податоци.

Како да одбегнете измама со  код?

Пред да скенирате одреден QR-код, проверете дали е менуван и дали на оригиналниот код има налепница. Освен тоа, може да инсталирате антивирусен софтвер за проверка на оригиналноста на QR-кодовите. Секогаш кога скенирате ваков код, двапати проверете ја врската пред да ја отворите. Уверете се дека таа е легитимна и безбедна.

Конечно, двапати размислете дали апликацијата или веб-страницата на која сте упатени бара од вас лични податоци. Доколку бара, уверете се дека станува збор за автентична веб-страница.

Извор: N1
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија