X
 13.02.2020 Живот

Исланд е најстабилната земја во светот, Балканот и понатаму е „жариште“ во Европа

Глобалниот индекс за мир покажува безбедност во земјите во светот, а иако сликата секоја година е сè подобра, Балканот и понатаму е „жариште“ во Европа.

Секоја година Институтот за економија и мир го објавува Глобалниот индекс на мир за да има увид во тоа каква е ситуацијата кога станува збор за безбедноста во светот. Доколку планирате наскоро да тргнете на патување, погледнете кои земји се најбезбедни, а кои треба да ги избегнувате.

Во 2019 година Исланд беше прогласен за најстабилна земја, додека критериумите го поставија Авганистан на прво место за нестабилност. Во анализата влегоа 163 земји, од кои 86 се подобрија, а 79 се влошија.

Критериумите што се користат за пресметување на мирот и сигурноста се многубројни, поточно постојат 23 категории од областа на војската, безбедноста и меѓународните и домашните конфликти.

Оваа последна област е веројатно причината поради која од 10 најнебезбедни земји на листата половина се од Балканот.

Најнебезбедна земја во Европа е Русија, која се наоѓа на 154. место. Веднаш зад неа се Турција и Украина, а потоа Белорусија. На петто место се наоѓа Србија, а веднаш зад неа е Босна и Херцеговина. Црна Гора се наоѓа пред Македонија, која го дели местото со Грција, веднаш пред Кипар и Албанија.

island
Фото: Pixabay

Најнебезбедни земји во Европа

1. Русија - 154. место
2. Турција - 152. место
3. Украина - 150. место
4. Белорусија - 97. место
5. Косово - 86. место
6. Босна и Херцеговина - 81. место
7. Црна Гора - 61. место
8. Македонија/Грција - 65. место
9. Кипар
10. Албанија

Најбезбедните земји во Европа се:

1. Исланд - 1. место
2. Португалија - 3. место
3. Австрија - 4. место
4. Данска - 5. место
5. Словенија - 8. место
6. Чешка - 10. место
7. Швајцарија - 11. место
8. Ирска - 12. место
9. Финска - 14. место
10. Холандија - 17. место

Кога станува збор за општата безбедност во светот, најбезбедни земји се:

1. Исланд
2. Нов Зеланд
3. Португалија
4. Австрија
5. Данска
6. Канада
7. Сингапур
8. Словенија
9. Јапонија
10. Чешка

Земјите што Институтот за економија и мир не ги препорачува како дестинација за патување оваа година се:

1. Авганистан
2. Сирија
3. Јужен Судан
4. Јемен
5. Ирак
6. Сомалија
7. Централноафриканска Република
8. Либија
9. Демократска Република Конго
10. Русија

Извор: B92.net
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот