X
 19.02.2020 Живот

Задачата што „Амазон“ им ја дава на кандидатите за работа

Технолошките компании се познати по нивниот уникатен пристап при вработувањето нови лица. Многу од нив се одлучуваат да ја тестираат интелигенцијата на кандидатите поставувајќи им тешки задачи.

Eдно видео покажува со каков проблем се соочил вработен во „Амазон“ на интервјуто за работа. Според видеото, задачата гласела вака:

„Еден кабел долг 80 метри виси од два столба високи по 50 метри. Која е оддалеченоста помеѓу двата столба ако кабелот во средината е на висина од 20 метри од земјата и ако е на 10 метри од земјата“.

Постои трик во вториот дел од задачата, односно кога се бара оддалеченоста помеѓу столбовите доколку средината на кабелот виси на 10 метри од земјата. Многумина ќе се одлучат да го решат проблемот со равенки, но малкумина ќе сфатат дека столбовите се еден до друг и оддалеченоста помеѓу нив е нула, а кабелот паѓа надолу од двата столба. Вториот дел од задачата, впрочем, не бара пресметување.

Во видеото подолу детално се објаснува решението на задачата.



Автор: Мајк Дарлинг
Извор: Prevention.com
Фото: Јутјуб принтскрин
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот