Заборавете на сè што мислите дека знаете за интервјуата за работа. Традиционалните совети кои ги добиваме како „облечи се за работата“ или „не преговарај“ повеќе не важат.
Мит бр. 1: Облечете се за работата
Ова обично значи формално и отмено облекување, но „Фаст компани“ предложуваат нешто поразлично врз основа на нивните разговори со работодавците. Меѓутоа, важно е да се покаже дека знаете да се средувате соодветно, иако тоа не мора да биде отмено.
Мит бр. 2: Претворете ги слабостите во предности
Повеќето работодавци ќе ги препознаат недостатоците порано или подоцна, а најдобро е да бидете искрени за нив. Свесноста за поседувањето недостатоци не ве прави полош кандидат, туку покажува дека работите на своите слабости.
Мит бр. 3: Не дискутирајте за пари
Експертите сметаат дека интервјуто за работа е совршеното време за кажување на вистинската цифра за која нема да жалите подоцна.
Мит бр. 4: Најдете начин за да се вклопите
Најчесто, кандидатите сакаат да ги импресионираат своите работодавци и кажуваат работи кои знаат дека работодавецот сака да ги чуе, дури и доколку не се точни. Се чини дека оваа стратегија не гарантира успех. Компаниите бараат кандидати кои ќе се адаптираат, но не и кои немаат свое јас.
Мит бр. 5: Не дозволувајте да видат дека се трудите
Работодавците знаат дека работното место ви е потребно штом сте се пријавиле за истото. Не е срам да кажете дека сте дале отказ или сте биле отпуштени.