X
 12.03.2020 Живот

Како може вашиот профил на „Линкдин“ да привлече повеќе понуди за работа?

Доколку некогаш сте се пријавиле за работа преку „Линкдин“, веројатно сте добиле порака дека таа или друга компанија го погледнала вашиот профил. Но, не е важно кој ви го видел профилот, туку што има на него. Според анкета во САД, 77% од работодавците редовно ја користат оваа мрежа за да бараат кандидати за работа. За да бидете сигурни дека вашиот профил ќе ги привлече работодавците, следете ги следните чекори за кои советуваат експертите за кариера.

Користете професионална фотографија

Секој профил треба да има добра фотографија. Работодавците претпочитаат кандидатите да имаат добри фотографии на нивниот профил, вели Кејтлин Проктор, експерт за кариера во „Зипџоб“. Според неа, треба да одберете фотографија која изгледа слично како што би изгледале на интервјуто за работа.


Фото: Pixabay

Уникатни наслов и заднина

Линкдин“ автоматски ги пишува насловот и заднината. Во насловот стои вашето последно работно место, додека сината заднина стои на секој профил што не ја сменил рачно. Специфичните наслов и заднина може да ги привлечат работодавците доколку преку нив се гледа кој сте и што работите, вели Џени Фос, регрутер. Освен тоа, ова ќе ве издвои од другите бидејќи многумина не знаат дека може да ги сменат насловот и заднината.

Краток и привлечен опис

Важно е да се има добро осмислен и краток опис, според Фос. Сите набрзина ги читаат информациите и никој нема време за долги наративи. Таа препорачува јасно претставување во прво лице и краток опис за она што може да го понудите.

Ажурирајте ги податоците

Доколку не ги додавате новите информации, подоцна може да заборавите на нив. Профилот нека изгледа свеж за работодавците да видат дека активно работите на него.

Покажете го портфолиото

Секоја работа што сте ја завршиле може да се покаже на платформата. Многу работодавци ги читаат изминатите активности. Искористете го ова за да изградите свое онлајн-портфолио.


Фото: Pixabay

Подобрете ја УРЛ-адресата

Работодавците ја користат оваа адреса за да го гледаат вашиот профил. Проктор препорачува менување на автоматската адреса и користење комбинација од имиња и броеви за линкот да изгледа концизно. Овој мал потег покажува дека сте издвоиле дополнително време за да го подобрите секој дел од вашиот профил.

Внесете клучни зборови

Кога работодавците бараат потенцијални кандидати, тие често користат клучни зборови. Ова е одличен начин да си ги зголемите шансите за да бидете откриени. Насекаде на профилот вклучете клучни зборови кои се поврзани со вашата професија.

Експлицитно покажете дека барате работа

Понекогаш едноставно изгледате недостапни на „Линкдин“. Фос предложува да ја искористите опцијата на платформата со која може да им покажете на сите дека барате работа. Но, доколку не сакате вашата сегашна компанија да дознае за ова, тогаш подобро не правете го тоа.

Имајте и давајте препораки

Проктор препорачува да барате препораки кои би ги ставиле на профилот и вие самите да ги потврдувате вештините на другите корисници. Убаво е некој да каже нешто убаво за вашата работа, а уште подобро е да се види дека вие ги цените другите.

Комуницирајте со другите корисници

Наместо да трошите време гледајќи фотографии на „Инстаграм“, зошто не трошите време на „Линкдин“? Коментирајте на објави, честитајте за нови работни места или споделувајте написи кои се интересни, препорачува Фос.

Автор: Сара Филдинг
Извор: fortune.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот